ФФМ нема да преговара со никого пред да седне со Ангеловски, веста за Просинечки е неточна

На кого му одговараше да пушти информација дека Роберт Просинечки ќе ја води македонската репрезентација на Европското првенство додека Игор Ангеловски уште е под договор со ФФМ, е прашањето на кое ќе треба да се даде одговор.

Ни на раководството на ФФМ веројатно не му беше пријатно кога во јавност излезе оваа шпекулација, ниту на Просинечки, ниту на Ангеловски.

Оваа шпекулација на српски медиум ги разбранува духовите во нашата јавност, а од македонската федерација тврдат дека не преговараат ниту со Просинечки ниту со било кој друг, додека не седнат на маса со Ангеловски. Договорот со човекот кој ја однесе Македонија на ЕП завршува на 31 декември, а најавите беа дека во првите денови од јануари ќе се разговара прво со Ангеловски. Доколку се договорат, тој ќе ја води селекцијата на ЕП, а ако не се договорат, дури тогаш може да се зборува за Просинечки или некој трет потенцијален селектор.

 

- Оглас -

Најнови вести