Фјури и Вајлдер го срушија рекордот од легендарната борба на Тајсон и Холифилд од 1997 година

Тајсон Фјури е новиот ВБЦ шампион во тешка категорија, откако утрово го победи досегашниот првак Деонте Вајлдер. Попуарниот Цигански крал во текот на целиот меч доминираше и на крајот, мечот беше прекинат во седмата рунда. Вајлдер изјави дека жали што луѓето од неговиот тим решиле да го фрлат пешкитор во рингот што значи и крај на борбата, но најави дека ќе се врати посилен.

„Не знам зошто од мојот тим решија да го фрлат пешкирот. Бев подготвен да се борам до крај. Сепак, нема никакво оправдување. Подобриот бокср победи. Не се чувствував најдобро пред мечот, имав многу проблеми, но тоа сега нема врска. Фјури го искористи моментот и тоа е тоа“, рече Вајлдер.

Фјури кој по пауза од 2015 година повторно е светски првак, имаше само пофални зборови за противникот, но во текот на мечот не пропушти можност да го понижи.

„Мора да го пофалам Деонте затоа што покажа дека има срце на шампион. Успеа да стане и да издржи седум рунди, затоа што тој е вистински воин. Сигурен сум дека повторно ќе биде првак. Ви реков што ќе се случи по овој меч, Кралот повторно се врати на тронот“, рече Фјури.

Мечот во Лас вегас го следеа 15.816 гледачи, а беше поставен нов рекорд по приходот од влезници. Вкупно заработката од влезниците беше 16,92 милиони долари, што претставува нов рекорд, а гледачите уживаа во спектаклот. Претходниот рекорд го држеа Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд за легендарната борба од 1997 година. Тој меч се одржа во истата сала каде што боксуваа и Фјури – Вајлдер, а тогаш приходот од влезниците беше 16,86 милиони долари. На тој меч, Тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд.

- Оглас -

Најнови вести