Флуминенсе оди по опстанок во бразилската Серија А

Флуминенсе – Палмеирас (Фудбал, Бразил, 23.30 часот)

Мечот кој ќе се игра на „Маракана“ во Рио е многу поважен за домашните кои сакаат да избегнат испаѓање, и да се доближат до место во Копа Судамерикана. Палмеирас е трети и не може да симнат подолу. Веројатно кај нив мотивацијата е спласната, и веќе три кола по ред не знаат за победа, па и овојпат исклучуваме можност за двојка, иако не е спорно дека имаат посилен состав од Флуминенсе.

Предлог тип: & 2+ (2.18)

 

Форталеса – Сантош (Фудбал, Бразил, 00.00 часот)

Со четири победи и една нерешена, Сантош се проби на второто место, и има ист број бодови со Палмеирас, па обезбеди место во Копа Либертадорес. Форталеса истотака игра добро, има две победи и реми на последните три меча. Овие два тима 13 години не играле еден против друг во Форталеса, а последните три дуели има завршија нерешено 0-0 или 1-1. Рожерио Сени ќе се надмудрува со Хорхе Сампаоли, можеби и овојпат ремито е најреално.

Предлог тип: ГГ (1.95)

 

Сао Пауло – Васко да Гама (Фудбал, Бразил, 00.30 часот)

Сао Пауло четири кола по ред нема победа, а Васко има три нерешени и по една победа во последните пет кола. Домашните се шести и ако победат, на три кола до крај ќе дојдат на два бода од четвртиот Гремио во трка за место во Копа Либертадорес. Последните четири меча на Сао Пауло беа 0-2 гола, а Васко трипати имаше 3+, и еднаш ГГ. Васко седум години не победил на „Морумби“.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Крузеиро – ЦСА (Фудбал, Бразил, 01.30 часот)

Овој меч доаѓа во вистински момент за Крузеиро. Домашните се во зоната на испаѓање и мора да победат против тим кој е седум бода зад Крузеиро и вечерва ќе биде дозакопан. За ЦСА опстанокот е можен само теоретски, имаат серија од пет порази по ред. Крузерио има дури 15 нерешени резултати сезонава, најмногу од сите, до сега мора да победи, бод не им врши работа во трката со Сеара. ЦСА има и многу повредени играчи.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.90)

 

Атланта фалконс – Њу Орлеанс сеинтс (Американски фудбал, НФЛ лига, 02.20 часот)

„Светците“ со скор 9-2, се многу подобри од „соколите“ кои имаат 3-8, па затоа Њу Орлеанс е фаворит на овој натпревар. Сеинтс ако победи, ќе ја обезбеди дивизиската титула, но единствениот нивен пораз во последните девет меча беше токму од Фалконс на 10 ноември, кога Атланта победи со 26-9. Важноста на мечот и мотивацијата се големата предност на гостите.

Предлог тип: Т2 >27.50 (1.75)

- Оглас -

Најнови вести