Фудбалерите на Интер не можеа да ја контролираат радоста во денешната драма (Видео)

Интер на драматичен начин ја победи Верона со 2-1 во меч од италијанската Серија А, а домашните фудбалери не можеа да ги контролираат емоциите при двете радости во судиското продолжение.

Најпрвин во 93-та минута, Фратези даде гол за 2-1 и експлозија од радост на над 70.000 домашни фанови, а во славјето, на стрелецот му беа соблечени шорцевите, па остана само по долна облека.

Но, ова не беше најконтроверзниот момент. После глупавиот пенал кој го направи Дармијан, Верона во 10-тата минута од судиското продолжение доби шанса да изедначи на 2-2, но Томас Анри кој го даде единствениот гол за Верона, ја погоди стативата.

Домашните фудбалери скокаа од радост околу него, а најнеспортски се однесуваа Ди Марко и Ачерби кои директно го провоцираа тажниот Французин кој беше на неколку сантиметри од тоа да стане јунак на Верона, а индиректно и на Јувентус кој го брка Интер во борбата за титулата.

- Оглас -

Најнови вести