Фуриозна Црвена ѕвезда – Го урна рекордот на Еврокупот

Црвена ѕвезда ја декласираше Бреша со 103:67 и е на чекор од пласман во топ 16 фазата во Еврокупот на ФИБА, а со предноста од неверојатни 43 поени на полувремето го урна и рекордот во ова натпреварување.

По првите 20 минути беа неверојатни 65:22 за домаќините, и тоа е најголема разлика во историјата на ова натпреварување во едно полувреме.

Гостите од Италија барем малку се созедоа во вториот дел, ги добија двете последни четвртини со 45:38 и намалија, но сепак, поразот е катастрофален.

 

- Оглас -

Најнови вести