Гави летна како пердув, Димитриевски беше подготвен пак да брани пенал против Барса (Видео)

Големиот талент на Барселона, Пабло Мартин Паез Гавира, или попознат само како Гави не успеа да го убеди судијата Дијас Де Мера да досуди пенал за Барселона во 90. минута вечерва против Рајо Валјекано.

Гави летна како пердув во дуелот со Алехандро Катења, а ситуацијата беше сомнителна, но не беше досуден пенал за Барса, па гигантот загуби со 0:1.

Спорниот момент од 90. минута и дуелот меѓу Катења и Гави можете да го погледнете ОВДЕ.

Рајо Валјекано со Столе Димитриевски на голот повторно приреди подвиг и ја победи Барселона со 1:0, вечерва на „Камп Ноу“, откако истото го стори на својот „Валјекас“ во првиот дел од сезоната.

Тогаш Димитриевски му одбрани пенал на Мемфис Депај, а потоа Роналд Куман доби отказ и ја заврши тренерската авантура во Барселона.

И денеска Столе бранеше одлично и пак не дозволи играчите на шпанскиот гигант да му ја затресат мрежата, па ја завршува сезоната без примен гол од Барселона и со две победи од по 1:0.

Барселона по вторпат во клупската историја загуби три меча по ред на домашен терен, а претходно тоа се случи на преминот од сезоната 1997/98 и 1998/99.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести