Ѓаволите веќе се гледаат во четвртфиналето, Базел изненади во Франкфурт (видео)

Манчестер јунајтед со една нога е во четвртфиналната фаза во Лигата на Европа откако на гостувањето кај ЛАСК во Линц славеше со убедливи 5-0. Одион Игало со гол и асистенција блескаше за составот на Оле Гунар Солскјер, па доколку нема одложување на реваншите поради Коронавирусот, вториот дуел на „Олд Трафорд“ ќе биде само формалност.

Нигериецот прво заби фанстастичен погодок во 28-мата минута, а потоа во вториот дел му асистираше на младиот Џејмс за двојно водство. Мата во финишот зголеми на 3-0, а во судиското надополнување Гринвуд и Переира го потврдија потопот на австрискиот тим.

https://twitter.com/BrexitSeanDyche/status/1238181656604934144

Големо изненадување приреди Базел на гости кај Ајнграхт со убедливите 3-0. Иако фаворити, германските Орли немаа одговор за расположениот швајцарски вицепрвак. Кампо изведе прекрасен слободен удар во 27-мата минута, а Буа и Фреј ги решија сите дилеми во вториот дел.

Башакшехир во последната минута од регуларните 90 издови минимален триумф од 1-0 против Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести