Германците поставија светски рекорд, ама џабе им е кога загубија

Четирикратниот светски првак Германија со пораз започна на Светското првенство во Катар, откако со 1:2 загуби од Јапонија. Овој пораз е неверојатен посебно ако се знае дека на полувремето Панцерите водеа со 1:0 и доминираа на теренот.

Според пресметките на Опта, германските фудбалери во првите 45 минути имале 422 комплетирани додавања, што преставува нов рекорд за еден тим на Мундијал откако се прави оваа пресметка од 1966 година.

По првиот дел, Германија водеше со 1:0, но на крајот Јапонија победи со 2:1. Германија на крајот имаше 74 отсто посед на топка, Панцерите имаа 751 точно додавање наспроти 214 прецизни додавања на Јапонија. Европјаните упатија 25 удари кон противничкиот гол, а погодија само од пенал, додека кај Јапонија од 11 шута, три беа во рамките на голот на Мануел Нојер, а два завршија во мрежата.

Погодоците од овој меч може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести