Утнаа 21 обид за тројка, ама за тоа не се жалеа дека е виновна салата или хотелот

За разлика од вчера, кога се жалеа на стара сала и зачадени ходници и казино низ кои мора да поминуваат за да стигнат до ресторанот, по поразот од Македонија, Норвежаните пишуваат за кошмар и признаа дека одбраната на македонската репрезентација има придонес што постигнаа само 36 поени и ни помогнаа да испишеме историја за најмал број примени поени на еден меч.

Главна причина што дадоа мизерни 36 поени е што не погодија ниту еден шут за три поени, а имаа 21 обид. Ваква непрецизност одамна не е видена. А, не дека се лоши шутери. На претходниот меч против Данска, Норвежаните уфрлија дури 20 тројки и тоа од 32 обиди, што е феноменален процент на реализација.

Тогаш само во првата четвртина имаа 34 поени, а сега за цел меч постигнаа само 36.

Сепак, за лошата ефикасност не им беа виновни обрачите или хотелот, туку селекторот признава дека заслуга имаат и македонските кошаркари кои одиграа добро во одбрана.

Ни Македонија не беше претерано расположена во нападот, погодивме 7 тројки од 28 обиди, а токму тие 21 поен беа клучни за победата од 22 поени разлика која го доближи тимот на селекторот Александар Јончевски до место во главните квалификации за ЕП 2025.

В недела, исто така во Гевгелија, Македонија е домаќин на Данска и со победа ќе дојдеме на два чекори од освојување на првото место во групата и пласман во квалификациите за наредниот Евробаскет.

- Оглас -

Најнови вести