Гибралтарците се прашуваат: Барди ли е, Меси ли е?

Македонија сосема заслужено води со 1-0 на гостувањето кај Гибралтар по првите 45 минути од средбата која се игра на „Викторија“ стадионот.

Капитенот Енис Барди со својот 10-ти гол во националниот дрес ја потврди доминацијата на Рисовите. Нашиот играч за врска на мајсторски начин заби во 21-та минута. Барди буквално се прошета во шестнаесетникот и искусно најде простор да ја смести топката во противничкиот гол.

Резултатот можеше да биде поубедлив ако во седмата минута ударот на Ристовски не завршеше во гредата. Николов и Спировски во меѓувреме го тестираа голманот на Гибралтар со опасни удари од далечина, но засега составот на Милевски е задоволен и со минималното водство.

Се памети и непромислениот кикс на Муслиу при обид да ја врати топката до голманот Илиев. Валарино го пресече лошото додавање, но за наша среќа не искористи ситуација „еден на еден“ со македонскиот чувар на мрежата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести