Гимараиш им се придружи на Ајнтрахт, Вулвс и Ренџерс меѓу победниците

Ајнтрахт Франкфурт ја надополни минималната негатива против Стразбург по првиот меч и со убедливи 3-0 повторно се најдоа меѓу 48-те екипи кои ќе играат во групната фаза во Лигата на Европа. Избраниците на Ади Хитер иако цело второ полувреме беа со играч помалку по црвениот картон на Ребиќ при резултат од 1-0, реализираа уште два клучни погодоци кои беа дело на Костиќ и Да Коста за да го елиминираат францускиот тим.

Вулверхемптон и во реваншот пред свои навивачи славеше над Торино, овојпат со 2-1. Конечните 5-3 од овој двомеч им озбедија на Волците учество во групите во ЛЕ за првпат по повеќе од 30 години пауза.

Хименес донесе радост на „Молињу“ во 30-тата минута, додека гостите од Италија преку Белоти ги одржуваа надежите. Мечот го реши Дендонкер на околу триесетина минути до крајот.

Со погодокот на Алфредо Морелос за 1-0, Ренџерс го елиминираше тимот на Легија, па избраниците на Стивен Џерард ќе се најдат меѓу учесниците во ЛЕ во новата сезона.

Резултатите од претходните денешни натпревари во плејофот можете да ги видите ТУКА и ТУКА.

Резултати од плејофот на Лигата на Европа:

Антверп 1-4 АЗ Алкмар (Вкупен резултат 2-5, Алкмар оди понатаму)

Дуделанж 3-1 Арарат (Вкупен резултат 4-3, Дуделанж оди понатаму)

Марибор 2-2 Лудогорец (Вкупен резултат 2-2, Лудогорец оди понатаму)

Ајнтрахт Франкфурт 3-0 Стразбур (Вкупен резултат 3-1, Ајнтрахт оди понатаму)

Глазгов ренџерс 1-0 Легија (Вкупен резултат 1-0, Ренџерс оди понатаму)

Вулверхемптон 2-1 Торин (Вкупен резултат 5-3, Вулвс оди понатаму)

Гимараиш 1-0 Стеауа Букурешт (Вкупен резултат 1-0, Гимараиш оди понатаму)

- Оглас -

Најнови вести