Глигоров си замина од Вардар по несреќниот пораз од Гостивар

Екипата на Вардар остана без тренер откако Никола Глигоров одлучи да си поднесе оставка по несреќниот пораз од Гостивар.

Предводникот на црвено-црните ја презеде одговорноста по поразот од 2:1, а од клубот му посакаа среќа во понатамошната кариера.

„ФК Вардар ја информира јавноста дека шефот на стручниот штаб Никола Глигоров си поднесе оставка по поразот на вчерашниот натпревар со Гостивар и повеќе нема да го води нашиот клуб.

ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата“ стои во соопштението на ФК Вардар.

Вардар значително ги намали шансите за влез во првата лига откако вчера во еден контроверзен натпревар со големи судиски грешки на крајот изгубија на гостувањето во Гостивар.

- Оглас -

Најнови вести