Ѓоковиќ и Федерер веќе никогаш нема да играат заедно

Заедничкиот настап во дубл на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на „Лејвер купот“ во Чикаго, беше прв и последен пат, тие двајца да играат во тандем. Двајцата славни тенисери не поминаа добро во игра на двојки, беа поразени од Кевин Андерсон и Џек Сок, а кога Ноле го погоди Роџер во грб во првиот сет, се виде дека не се воиграни, и публиката им се смееше.

Поранешниот тренер на Енди Мареј, Марк Печи, не беше воодушевен од тоа како двете суперѕвезди на светскиот тенис, изгледаа на терен кога беа во иста екипа.

„Федерер има златен медал на Олимписки игри во игра на двојки. Од друга страна, Ѓоковиќ има освоено една титула во дубл, бидејќи не игра често. Играше заедно со Андерсон во Канада, но неговата игра е многу поквалитетна во сингл. Сигурен сум дека за Новак и Федерер, ова беше нешто потполно поразлично од тоа на што се навикнати. Не верувам дека некогаш повторно ќе играат заедно во дубл, веројатно последен пат ги видовме на иста страна“ – рече Печи.

- Оглас -

Најнови вести