Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, одбраната на титулата на Отвореното првенство на Австралија ќе ја почне против Германецот Штруф, а потоа во третото коло би можел да налета на некој од сонародниците, Лајовиќ или Ѓере.
Ждрепката сакаше во потенцијалното четвртфинале, седумкратниот победник на Австралија опен да има пеколко тешка задача со Гркот Циципас. Но, Циципас за да дојде до четвртфинале, веројатно ќе треба да се мачи со Шпанецот Баутиста Агут кој игра во добра форма. Ако ја мине и четвртфиналната пречка, Ѓоковиќ има потенцијално полуфинале со Федерер.
Првиот носител Рафаел Надал, тргнува поритив Делјиен од Колумбија, а прва голема пречка ќе има во осминафиналето, во кое ако нема изненадивање, го чека Кирјос. Потоа за Рафа би следува четвртфинале со Тим, и полуфинале со Медведев или Зверев.
Првото коло на Гренд слемот почнува на 20 јануари.