Гол за памтење: Дибиров и Скубе како да се дел од НБА Ол-стар (Видео)

Европскиот првак Вардар ја прекина серијата од пет меча без победа во Лигата на шампиони, откако со убедливи 38:28 славеа против Мотор Запорожје, во меч од 12. коло. Со овој триумф Вардар го запечати местото во осминафиналето од елитната лига каде го брани тронот.

Од сите 66 погодоци кои беа постигнати во „Јане Сандански“ денеска, посебно фантастичен беше тој на Тимур Дибиров. Русинот на фантастичен начин успеа да го матира голманот на украинскиот тим, а освен погодокот на Дибиров, фантастична беше и асистенцијата на Скубе.

 

- Оглас -

Најнови вести