Голчиште за најавни шпици, но џабе му беше кога неговиот тим загуби (Видео)

Евертон загуби на гостувањето кај Норич со 1:2, во меч на кој беше виден еден од најубавите погодоци сезонава во Англија. Норич брзо даде два гола и водеше со 2:0 по неполни 20 минути игра.

Во вториот дел Евертон тргна офанзивно, во 60 минута Ришарлисон даде фантастичен гол со „ножички“. За жал на Евертон, тоа беше единствениот погодок и тимот не успеа да се спаси од пораз. Еден фан на гостите лут поради лошиот резултат, во еден момент втрча на теренот и сакаше да се тепа со искусниот тренер на Евертон, Рафаел Бенитез. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести