Голема глупост направи Рами: Не се појави на тренинг и доби отказ од Марсеј

Олимпик Марсеј ја прекина соработката дефанзивецот Адил Рами за непочитување на клупските обврски. Рами пропуштил еден тренинг со цел да се појави во едно француско реалити ТВ шоу, по што клубот му одреди најстрога казна и му врачи отказ.

Французинот со мароканско потекло дополнително си создал проблеми, откако излажал дека е болен и не можел да тренира, информација која подоцна се воспоставила за неточна откако фудберот се појавил на малите екрани.

Отказот од Марсеј е еден од низата разочарувања на Рами ова лето. Претходно расипа двегодишна врска со холивудската ѕвезда Памела Андерсон, поради што потоа му пропадна и трансфер во редовите на Лос Анџелес во МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести