Голманот на Коњаспор, Серкан Киринтили, се исплаши од Адис Јаховиќ, играше со раце надвор од шеснаесетникот и веднаш доби црвен картон.
Судијата немаше милост и го исклучи Серкан во 25-тата секунда од мечот меѓу Коњаспор и Јени Малатијаспор. Ова е едно од најбрзите исклучувања во турското првенство, а интересно е што Јаховиќ и Киринтили беа соиграчи во Коњаспор и одлично се познаваат.
Голманот малку се заборави, но веќе беше доцна да реагира поинаку, па заслужено е исклучен.
https://twitter.com/KramponGolazo/status/1186328056648130562?s=20
Големиот кикс на голманот на домаќините експресно го искористи Јени Малатијаспор и со голот на Гилјерме од слободен удар во четвртата минута води со 1:0 по првото полувреме.