Голманот на Вардар во дрим-тимот од ЛШ

Дејан Милосављев уште еднаш покажа дека е во одлична форма, па беше најзаслужен за убедливата победа на Вардар на гости кај Загреб (27:18), во првиот меч од осминафиналето во ракометната Лига на шампиони. Српскиот голман успеа да одбрани 14 удари и едноставно ги откажа ракометарите на Загреб.

Вардар уште во првото полувреме во „Арена“ имаше водство од убедливи 14:6, а Дејан бескаше на голот. Откако беше прогласен за најдобар играч на тој меч, Милосављев сега го доби приматот и за најдобар голман по одиграните први мечеви во осминафиналето.

Освен што е во дрим-тимот, Милосављев си најде место и во топ 5 најдобрите одбрани за оваа недела во елитната лига на ЕХФ. Најдобрите пет одбрани може да ги видите ТУКА.

Сосема заслужени признанија за вардаровиот голман.

- Оглас -

Најнови вести