Гвардиола урна уште еден рекорд на Мурињо

Со победата на Манчестер сити пртив Вест хем, тренерот Пеп Гвардиола се израдува на 200-та победа како предводник на Граѓаните. За да стигне до овој јубилеј, на Гвардиола му беа потребни само 273 натпревари, што е рекордно кратко време за еден менаџер во Англија.

Досегашниот рекорд го држеше Жозе Мурињо кој до 200 победи во тимот на Челзи стигна по 309 меча, што значи дека на Гвардиола му требаа 36 средби помалку од Португалецот. Најголема заслуга за толку брзо доаѓање до 200 победи има неверојатната актуелна низа од 20 триумфи по ред. Граѓаните сега се во потера на светскиот рекорд по број на победи во низа.

 

- Оглас -

Најнови вести