Хабиб не сака да се бори пак со Мекгрегор затоа што Ирецот е втора лига

Првиот човек на УФЦ, Дан Вајт најави дека во 2020 година ќе има реванш меч помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор. Сепак, шампионот Нурмагомедов е песимист дека такво нешто може да се случи.

Вајт најави дека ако Конор го победи Доналд Керон, а Хабиб ја одбрани титулата против Тони Фергусон, ќе следува борба меѓу победниците. Сепак, Нурмагомедов вели дека тоа е тешко остварливо, а објасни и зошто е тоа така.

„Мислам дека Керон загуби на седум или осум од последните 10 борби. Веќе четири години нема победа. Тоа е како втора лига, не е битно кој ќе победи на тој меч. Изненаден сум што Вајт вели дека Конор ќе добие реванш со мене ако го победи Керон, а јас Фергусон. Јас сам одлучиувам против кого ќе се борам. Да се бори против мене прво треба да ја намали килажата, а потоа мора да победи на 10 меча по ред како што направив јас. Дури потоа би размислил дали ќе се борам со него“, рече Хабиб за евентуалниот реванш против Мекгрегор.

Првиот меч меѓу Хабиб и Конор го доби борецот од Дагестан, откако во четвртата рунда го принуди Ирецот да се откаже.

- Оглас -

Најнови вести