Хакер го пробил поштенското сандаче на Пеп, доверливите информации сакал да ги продаде за 100.000 фунти

Хакер успеал да го пробие електронското поштенско сандаче на Пеп Гвардиола додека работел во просториите на Манчестер сити како компјутерски инженер во 2017 година. Натрапникот стигнал до доста доверливи информации, кои потоа се обидел да ги продаде за сума од 100.000 фунти.

Полицијата во Манчестер го уапси хакерот во текот на ова недела, по што е покренат судски процес против него. Запленети му се сите електорнски уреди, од компјутер до мобилен телефон со цел да се најдат сите лични податоци на шпанскиот стратег.

Информациите се состоеле од договорите на играчите на Сити, до сите трансфер-преговори, вклучувајќи ги и оние со Матајс де Лихт и Сократис Папастатопулос, кои во тој период играа за Ајакс, односно Борусија Дортмунд.

Натрапникот сам откри дека тоа му било најлесна работа што некогаш ја направил употребувајќи го својот мобилен телефон со кој успеал да ги преземе податоците. Се верува дека програмерот работел две години во Сити пред клубот да ја прекине соработката со неговата компанија.

- Оглас -

Најнови вести