Хамилтон го „прележа“ вирусот, ќе се трка во Абу Даби

Луис Хамилтон потврди дека ќе се трка во последниот круг сезонава во Формула 1, во Абу Даби, откако го мина потребниот карантин од 10 дена.

Актуелниот светски првак имаше позитивен наод на ковид-19 и ја пропушти претпоследната трка сезонава, во Бахреин, но титулата, седма вкупно, не му беше загрозена.

Британецот ќе се обиде да ја забележи 12-тата победа сезона во 17-тата трка, а во „Јас марина“ во Абу Даби знае како се победува откако славеше во 2011, 2014, 2016, 2018 и 2019 година во трката за Големата награда на Абу Даби.

Најавено е и дека Џорџ Расел, пилотот на Вилијамс ќе се трка на последниот настан сезонава во Формула 1.

Трката во Абу Даби ќе се вози во недела, од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести