Хауге го спаси Милан од бламажа против Сампдорија (видео)

Милан издвои само реми од 1-1 против Сампдорија во мечот од 29-тото коло во Серија А, во којшто Росонерите мораа да се спасуваат од бламажа во финишот.

Младиот Хауге во 86-тата минута со ефектен погодок го украси опасниот контранапад на Милан кој почна од Ернандес, а разигруваа Ибрахимовиќ и Кесие.

Претходно Квалјарела изведе мајсторија со лоб од 25 метри, што беше неодбранливо за Донарума, но гостите со 10 фудбалери на теренот не ја сочуваа минималната предност.

Милан со ова реми му остава простор на Интер да ја зголеми бодовната предност на врвот на табелата. Росонерите имаат 61 бод по 29 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести