Химки и во Тел Авив потврди дека залута во Евролигата (Видео)

Со катастрофален пораз од 92:62 во Тел Авив против Макаби, екипата на Химки уште еднаш потврди дека е убедливо најслаба во Евролигата и дека и буквално залута меѓу најдобрите тимови на Стариот Континент.

Во ревијален меч за двете екипи кои немаат шанса за настап во плејофот, Макаби лесно се справи со слабите гости и славеше победа од 30 поени разлика.

Домаќините исто така имаат сезона за заборав и нема да играат во плејофот, но денеска покажаа дека има знаци на подобрување. Одиграа атрактивно во многу атрактиви акции и ефектни забивања, а пред стартот на последниот период имаа и речиси двојно повеќе поени од гостите, 73:38.

Химки ја доби последната четвртина, но остана на дното на табелата само со четири победи и дури 29 порази на едно коло до крајот на регуларниот дел во Евролигата.

Макаби има биланс од 14-21 и нема шанси за пробив меѓу октетот екипи што ќе играат за титулата во најсилната лига во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести