Хисај: Барселона игра како Сасуоло затоа мора да бидеме многу внимателни

Наполи останува во трка за петото место на табелата во Серија А, откако синоќа со 2:0 славеше против опасниот Сасуоло. Елсеид Хисај погоди во осмата минута и ја најави победата, која беше потврдена со голот на Ален во последните секунди од мечот.

Токму Хисај ќе го памти овој меч против Сасуоло, затоа што за прв пат даде гол во дресот на Наполи кој го носи од 2015 година и досега одигра 193 меча. Хисај даде интересна споредба за мечот со Сасуоло и тој против Барселона што ги чека во реваншот од осминафиналето во ЛШ.

„Направивме многу грешки, но ВАР системот не спаси од неточните проценки на судиите. Сепак не смееме да ризикуваме до толку. Барселона игра фудбал како тој што го игра Сасуоло, но се разбира со многу повеќе квалитет. Затоа мора да бидеме многу повнималтелни и да пазиме на деталите кога ќе го играме дуелот од Лигата на шампиони“, рече Хисај.

 

- Оглас -

Најнови вести