Хит е пораката за сите што заглавија со хокејот: Се извинуваме ако вечерва имавте поинакви планови

Тампа беј и Колумбус одиграа ретко виден хокеарски маратон што траеше до долго во ноќта, а го реши Бредли Поинт со златен гол во десеттата минута од петтото продолжение.

„Се извинуваме ако вечерва имавте поинакви планови“, стоеше на семафорот во „Скоцијабенк арената“ во Торонто. И организаторите од НХЛ се шегуваа на сметка на времетраењето на мечот.

Стандардните три периоди од регуларниот дел од натпреварите во НХЛ се играат по 20 минути секој, а меѓу нив има и долги паузи.

Во тој сегмент мечот заврши нерешено 2:2, а правилата во плејофот се малку поинакви од регуларниот дел и се играат продолженија со периоди од по 20 минути сè додека некоја екипа не постигне гол.

На Поинт му успеа во вкупно 90-тата минута од продолженијата, или во десеттата од петтото продолжение. На мечот што и официјално е четвртиот најдолг во НХЛ историјата имаше неколку рекорди, а особено е впечатлив тој на голманот на Колумбус, Јонас Корписало, кој одбрани неверојатни 85 удари.

 

- Оглас -

Најнови вести