Хит на денот: Евра се пошегува со овците на Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека се преселил од селото каде што беше сместен затоа што му пречело утринското блеење на овците, но доцна, цел свет се смееше на информацијата, а и Патрис Евра не ја пропушти приликата да се пошегува на таа тема.

Некогашниот лев бек на Манчестер јунајтед објави видео во кое тој е на брод со овци и на Кристијано му порача да не се грижи бидејќи ги тргнал овците на сигурно, далеку од куќата на Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести