Хјустон ќе се потпира на Харден и против Портланд за осма победа во низа

Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Портланд трејлблејзерс – 02ч, НБА-лига)

Хјустон гази во низа, а Брадата делува помотивирано од кога било. Првата ѕвезда на Ракетите моментално е незапирлива за противничките екипи, тоа го докажува неверојатната статистика во седумте триумфи по ред на екипата. Харден реализира речиси по 43 поени по натпревар, без разлика што троши голем број топки.

Отсуствата на неколку првотимци не го спречи Хјустон да го одржи чекорот со лидерите на Западот, ЛА лејкерс, а вечерва пред домашни навивачи Харден треба повторно да блесне и да го одржи победничкиот ритам на тексашите. Портланд не е во добра форма, а тоа му одговара на најдобриот стрелец во лигата во овој дел од сезоната.

Предлог тип: Џ. Харден >39,5 поени (1.95)

 

ЛА клиперс – Оклахома сити тандер (04:30ч, НБА-лига)

Џорџ дочека да го облече дресот на Клиперс откако ги пропушти првите 10 натпревари од сезоната. Новата ѕвезда на тимот од Ел-Еј во првите два меча беше како „бесно куче“, се виде дека му недостасува кошарката, па настрадаа Пеликанс и Атланта. Џорџ во тие два меча постигна вкупно 70 поени (33, 36), кои ги реализира во просек од 22 минути, па оваа добра форма би требало да ја одржи и вечерва против неговата поранешна екипа Оклахома.

Џорџ мина две сезони во редовите на Тандерс пред да се врати во родната Калифорнија, па сега има задача да покаже дека е подготвен да се бори за Клиперс и како лидер да го предводи тимот кон нови успеси. Клиперс можеби не се во најдобра форма, но би требало да немаат проблеми против Оклахома, екипата со под 500 процент на победи.

Предлог тип: 1 & >221,5 поени (2.30)

 

Торонто репторс – Шарлот хорнетс (01:30ч, НБА-лига)

Торонто го одржува чекорот со водечките екипи, но во последните пет меча загуби двапати. Шампионот како што знае да одигра со мотив против поквалитетни екипи, така лесно може и да загуби од нив, но му се случувале и изненадувања против екипи каква што е таа на Шарлот.

Ноќеска Рептилите ќе бидат десеткувани, Сијакам ќе мора да се снаоѓа без Лаури и Ибака, но можеби тоа е добро за останатите играчи да бидат повеќе инволвирани во добрите резултати на екипата. Против Шарлот ги загубија последните два дуели, па токму тој факт треба да биде мотив да се одигра на високо ниво.

Во последните пет меча на домашен терен, Торонто речиси редовно постигнува повеќе од 115 поени, но отсуството на главниот плејмејкер и еден од борците во рекетот може да биде проблем во тимската реализација.

Предлог тип: Т1 <111,5 поени (1.80)

 

Jанис Адетокумбо (Чикаго булс – Милвоки бакс – 02ч, НБА-лига)

Елените се најдобри на Истокот по водечкиот Бостон, а најголема заслуга нормално лежи во популарниот Грик Фрик. Најкорисниот играч од минатата сезона, Јанис Адетокумбо, е мотивиран да го одведе тимот едно скалило погоре во однос на ланскиот успех, кога Милкови претрпе елиминација во конференциското финале.

Ѕвездата на Милвоки сезонава постигнува 30 поени просечно, а против ранливиот Чикаго би требало да си го одржи учинокот. Во тимот на Бакс ќе недостасува одличниот Мидлтон, што е причина повеќе Адетокумбо да покаже рогови против Биковите.

Предлог тип: Ј. Адетокумбо >31,5 поени (1.87)

 

Феникс санс – Бостон селтикс (03ч, НБА-лига)

Бостон вчера го претрпе само вториот пораз во сезоната. На гостувањето кај Сакраменто составот на Бред Стивенс загуби за пола кош во последните секунди. Така заврши низата од 10 триумфи, па сега постои шанса да бидат изненадени и од незгодниот Феникс.

Меѓутоа, Келтите се чувстуваат удобно кога гостуваат во Аризона. Во Феникс ги запишаа две од четирите победи во последните пет меча против Сонцињата. Феникс ќе игра без клучниот Ејтон, Бостон нема да смета на Хејвард, што навестува дека мечот можеби ќе заврши со мал број поени.

Предлог тип: <225,5 поени (2.0)

 

- Оглас -

Најнови вести