Холандија е пресилна, Пандев кажа збогум, а и Македонија се прости од историското ЕП

Холандија е пресилна за дебитантот Македонија и победи со 3:0 во убав меч на „Јохан Кројф арената“ без посебно резултатско занчење.

Македонската репрезентација го заврши историскиот настап на Европското првенство со три порази и го заврши учеството на последното место во Ц групата.

Денеска во Амстердам заврши и богатата кариера на капитенот Горан Пандев, кој повеќе нема да игра за Македонија. Беше заменет во 69-тата минута, кога веќе беше решен мечот со Холандија и при резултат 3:0 за фаворитот.

По првото полувреме Холанѓаните водеа со 1:0 по сомнителната акција, а стрелец беше Мемфис Депај. Претходно Иван Тричковски постигна гол за Македонија, но беше поништен поради офсајд, а Трајковски во 22-рата минута ја погоди стативата.

Со два брзи гола на Џорџино Вајналдум во 50-тата и 58-мата минута, Холандија го реши мечот на кој Македонија повторно не разочара, иако си оди дома со три порази, 1:3 од Австрија, 1:2 од Украина и вечерва со 0:3 од првопласираната екипа во Ц групата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести