Хорор трката во Бахреин заврши, Хамилтон победи, најважно е што Грожан без сериозни повреди го преживеа пеколот (Фото+Видео)

Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бахреин, а турнусот од 57 круга мина во сенка на сериозни инциденти, невидени во овој милениум во Формула 1.

https://twitter.com/ayshardzn/status/1333073989380448264?s=20

Опасен инцидент имаше на самиот старт на трката, болидот на Ромејн Грожан се заби во заштитната ограда и се запали, а автомобилот и буквално го прекри пламен и гореше, па во опасност беше и животот на францускиот ас.

За среќа брзо реагираа стјуартите на патеката и веднаш го извлекоа Грожан, кој потоа беше префрлен во болница.

https://twitter.com/RexChapman/status/1333073988185182208?s=20

Според последните информации тој има полесни опекотини на раката и во пределот на скочниот зглоб, па нема посериозна опасност по здравјето.

Трката по долга пауза продолжи, а имаше нов инцидент, па Строл мораше предвреме да го заврши настапот, а и болидот на Серхио Перес се запали во самиот финиш, во една од најдраматичните трки во овој милениум.

По повеќе од три часа конечно и трката заврши со победа на актуелниот светски првак Луис Хамилтон, пред Макс Ферстапен и Александер Албон.

- Оглас -

Најнови вести