И Меџик е воодушевен од магијата на Леброн

И Меџик Џонсон е воодушевен од настапот на Леброн Џејмс во ноќта во која популарниот Крал го урна рекордот со 162 победи во плејоф-натпреварите во НБА-лигата.

На Меџик му се бендиса магијата на Џејмс, особено во првото полувреме, во кое првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс постигна 29 поени и одигра блескаво.

„Едно од најдобрите полувремиња во плејоф-меч што сум ги видел од Леброн Џејмс. Погодуваше од сите позиции на теренот“, објави на „Твитер“, Меџик Џонсон.

Џејмс постигна вкупно 36 поени и беше најефикасен во втората плејоф победа на Лос Анџелес лејкерс против Хјустон во полуфиналето во Западната конференција. Езерџиите водат со 2:1 во трката по 4 победи за пласман во финалето на Западот во НБА, а Леброн стана кошаркар со најмногу победи во плејоф-мечевите и сега има 162, една повеќе од Дерек Фишер, кој исто така играше за Лејкерс, како и Меџик Џонсон.

 

- Оглас -

Најнови вести