И младите умираат од вирусот: Борбата ја загуби 37-годишен поранешен претседател на италијански фудбалски клуб

Пандемијата која настана од Коронавирусот продолжува да „коси“ низ Италија. Само во изминативе 48 часа повеќе од 1.000 луѓе починаа во Италија како последица од опасниот вирус. Меѓу починатите е и 37-годишниот Андреа Мичели, поранешен претседател на италијанскиот третолигаш Перголетесе.

Мичели беше на чело на овој клуб кога Перголетесе ја освои титулата во Серија Д и се пласираше во еден ранг погоре. Челното место на клубот го напушти пред четири години, а сега на само 37 години го загуби животот од опасниот Коронавирус.

Синоќа од вирусот почина и некогашниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс.

- Оглас -

Најнови вести