И тоа се случи – Роналдо конечно му даде гол на Челзи, но и ќе остане без настап во ЛШ (Видео)

Кристијано Роналдо конечно на 37-годишна возраст успеа да го постигне првиот гол против Челзи во Премиер лигата, една од ретките екипи што успешно ја чуваше мрежата од опасниот стрелец.

Вечерва Манчестер јунајтед и Челзи одиграа нерешено 1:1, а сè се случи набрзина со два гола во рок од 120 секунди.

Маркос Алонсо со волеј удар во 60-тата минута му донесе предност на Челзи од 0:1 на „Олд Трафорд“, а експресно израмни Роналдо во 62-рата минута.

Ремито 1:1 повеќе му одговара на Челзи, екипа која остана на третата позиција со 66 бода и е на прагот да си обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед сега има 55 бода на шестото место и има само 3 меча за одигрување до крајот на првенството, па шансите да бидат во квартетот екипи што ќе играат во Лигата на шампионите им се минимални.

Челзи е на третото место со 66 бода и има уште пет меча за одигрување до крајот на сезоната во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести