Ибрахимовиќ со постигнување за кое Роналдо и Меси може само да сонуваат: Да бев помлад, ќе дадев уште два гола

Златан Ибрахимовиќ потврдува дека и сезонава ќе биде незадржлив за противничките одбрани и прва ѕвезда во нападот на Милан. Легендарниот голгетер синоќа ги предводеше Росонерите до победа од 2:0 против Болоња, постигнувајќи ги двата погодоци за радост на „Сан Сиро“.

За популарниот Ибра ова беше 23-та сезона во која постигнува првенствен погодок. Едноставно, откако се појави во профи фудбалот, Златан секога година ги тресе противничките мрежи. Почна во дресот на Малме, а потоа блескаше во дресовите на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси, за сега како ветеран да е најдобар во Милан.

Колку за споредба, Роналдо, кој погоди за Јувентус, стигна до 19-тата сезона во низа, во која постигнува првенствен гол. Меси треба да ја започне 17-тата сезона за Барселона, што значи дека и Португалецот и Аргентинецот се далеку од постигнувањето на Златан.

По синоќешната победа над Болоња, Ибра изјави дека ако бил помлад, сигурно ќе постигнел четири гола.

„Одлично се чувствувам. Победивме и тоа е најважно. Ако имав 20 години, сигурно ќе дадев уште два гола. Јас сум како Бенџамин Батон, роден сум стар, а ќе умрам млад“, се пошегува 38-годишниот Ибрахимовиќ, кој потоа додаде дека не сака никој да ги спомнува неговите години и дека најважно е фудбалерите да се гледаат по тоа како играат на теренот, а не по тоа колку години имаат.

 

- Оглас -

Најнови вести