Играчот кој на „Пољуд“ одигра како Кристијано Роналдо вреди само 50.000 евра (Видео)

Хамед Коне е ѕвездата на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска е дел од екипата на Гзира, која синоќа го направи најголемото изненадување елиминирајќи го Хајдук на „Пољуд“ во Сплит.

Хајдук имаше предност од 2:0 по првиот меч на Малта, а на полувремето водеше со 1:0, што значеше дека на гостите кои беа аутсајдери, во вторите 45 минути требаше да дадат три гола. Чудо, но возможно, благодарение на Коне. Напаѓачот на Гзира едноставно како да се претвори во Кристијано Роналдо и го одигра најдоброто полувреме во кариерата.

Најпрво во 69-тата минута даде еврогол за водство од 2:1 на Гзира. Коне погоди со ножички во стилот на Роналдо од околу 15 метри.

На Биркиркара ѝ беше потребен уште еден гол за да помине понатаму, а Коне повторно беше во главна улога. Се играше шестата минута од судиското надополнување, кога напаѓачот даде уште еден спектакуларен гол за комплетирање на чудото на „Пољуд“.

Коне, кој има само 168 сантиметри, дојде во Биркирката од тимот на Фероникели од Косово. Иако очигледно е дека има вишок килограми, тоа не му сметаше да биде незадржлив против Хајдук. Неговата вредност на „Трансфермаркт“ се оценува само на 50.000 евра, сума која дефинитивно е премалку за играч кој може да направи такво шоу.

„Добар меч. Бевме пред пораз, губевме со 1:0, а тренерот на полувремето ни рече дека може да направиме пресврт и дека треба да веруваме во победа. И претходно имам давано такви погодоци со ножички. Атмосферата беше феноменална и засекогаш ќе го памтам овој дуел“, рече херојот на Гзира.

По вториот гол на Коне и елиминацијата на Хајдук, најверните навивачи на хрватскиот тим збеснаа, па ја пробија заштитната ограда на трибината и влетаа на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести