Жефрен, репрезентативецот на Венецуела, е најзвучното име кое ќе биде дел од хрватскиот фудбал во пролетниот дел од првенството. Искусниот 32-годишен Жефрен има неверојатна кариера. Пред неколку години тој го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона, а неговото име е запишано во листата на стрелците во легендарната победа од 5:0 против Реал Мадрид точно пред 10 години.
Жефрен ги помина сите младински категории на Барселона, а потоа три сезони беше дел од првиот тим. Во 2011 година направи трансфер во Спортинг, а потоа неговата кариера започна да оди во надолна линија. Играше за Валјадолид, Ојпен, Грасхоперс, АЕК Ларнака, а сега потпиша за Славен Белупо.
Интересно е што со Жефрен во Копривница пристигна и неговата атрактивна жена Џесика Ричарт. Таа е позната по тоа што е главен менаџер на агенцијата „Жефрен спорт“ и е задолжена за кариерата на својот маж. Во оваа агенција има уште двајца фудбалери кои не се многу познати.
Хрватите веќе се пофалија дека и во нивното првенство се појавила атрактивна жена менаџер на познат играч, како што е Ванда Нара, која ја води кариерата на Мауро Икарди.
Погледнете ја атрактивата Џесика која треба да биде хрватската Ванда Нара.