Икарди нема да игра ниту против Сампдорија

Интер ќе биде без Мауро Икарди и на утрешниот меч против Сампдорија во мечот од Серија А. Тоа е одлуката на тренерот на „нераѕурите“, Лучано Спалети.

„Најважно е да работиме мирно. Оваа одлука е правилна за Интер и за целиот тим. Во нашата соблекувална секогаш кажуваме сѐ директно во лице. Ова решение не е против Икарди, туку е во корист на Интер. Тоа му го објаснивме и на Мауро. Во овој клуб најважен е целиот тим, а не поединци“, објасни тренерот на Интер, Спалети.

Икарди пред неколку дена ја загуби капитенската лента, а потоа сам одби да настапи на мечот од Лигата на Европа, кога Интер на гости го победи Рапид Виена. Според некои најави, Икарди може воопшто да не заигра за Интер до крајот на сезоната. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести