Светците го тешат Борнмут: Пишете ни ако треба помош и разговор, знаеме како е да се примат 9 гола (Фото)

Ливерпул го размонтира новиот премиерлигаш Борнмут со 9:0 со што го израмни рекордот за најубедлива победа во Премиер лигата, која постои од 1992 година.

Досега Саутемптон беше најголемиот страдалник, откако двапати загуби со тој резултат од Манчестер јунајтед и од Лестер.

Светците затоа на интересен и духовит начин се обидоа да им пружат рака на ривалите од Борнмут и на официјалниот клупски Твитер налог им понудија помош.

„Пишете ни порака ако ви треба помош и разговор“, е објавено на Твитер налогот на Саутемптон.

Ливерпул блескаше против популарните Цреши и по 33 години успеа пак да победи со 9:0 во меч од англиското првенство, тогаш против Кристал Палас и тоа само 3 години пред да се преименува шампионатот во Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести