Има само 185 сантиметри, а тргна да се тепа со Џоел Ембид (Видео)

Како се доближува крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, така и страстите кај играчите зовриваат. На дуелот меѓу Филаделфија и Милвоки гостите се радуваа, а неверојатен инцидент се случи во почетните минути од мечот. Еден од најдоминантните играчи во НБА, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид имаше дуел со речиси 30 сантиметри понискиот од него, Ерик Бледсо.

Во таква ситуација јасно е дека Ембид е доминантен и лесно го затвори приодот на противникот. Бледсо се налути и го турна Ембид, а овој ја фрли топката во правецот на противникот. Тоа беше дополнителна провокација за Бледсо, кој ја зеде топката и силно го удри Ембид директно во стомакот.

Тогаш двајцата играчи тргнаа да се тепаат, но веднаш реагираа судиите и соиграчите, па немаше поголем инцидент. На крајот, Бледсо поради својот потег да го удри противникот со топката во стомак, заработи исклучување, но интересно е тоа што 185 сантиметри високиот играч во ниеден момент ниту се уплаши ниту му попушти на речиси 30 сантиметри повисокиот противник.

На крајот, гостите се радуваа и на победата.

https://twitter.com/i/status/1113962370777460736

 

 

- Оглас -

Најнови вести