Имаше два негативни теста, а сега се потврди дека е позитивен на корона-вирусот

Горан Иванишевиќ е последен во низата тенисери кои се заразени со коронавирусот. Легендарниот хрватски тенисер и некогашен освојувач на Вимблдон, беше дел од организацијата на Адрија турнирот во Задар, кад е што всушност и започна скандалот со заразените тенисери.

Григор Димитров беше прв кој откри дека е позитивен на корона-вирусот, поради што мораше да се одложи и финалето на турнирот, а потоа следуваше масовно тестирање на сите учесници. Меѓу заразените е и најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, а сега на листата се приклучи и Иванишевиќ.

Интересно е тоа што Иванишевиќ беше негативен на претходните два теста кои ги правеше, а сега на третиот тест неговиот резултат е позитивен на корона-вирусот.

„За жал, по два негативни теста направени во претходните 10 дена, само што ги дознав резултатите од третото тестирање. Третиот тест покажува дека сум позитивен на корона-вирусот. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите оние кои беа во контакт со мене да знаат дека сум позитивен и да ги преземат потребните чекори за да се заштитат себе си и своите блиски. Јас продолжувам да седам во самоизолација. На сите заразени им посакувам брзо опоравување“, напиша Иванишевиќ на својот инстаграм-профил.

- Оглас -

Најнови вести