Кош на Инграм што ги урива сите закони на физиката (Видео)

Брендон Инграм одигра фантастичен меч за Њу Орлеанс пеликанс со 38 поени, 9 асистенции и пет скока во поразот од Денвер нагетс по продолженија, а кошот што го постигна во последните моменти од првото полувреме се граничи со чудо.

Се чинеше дека Инграм се сплетка со топката на центарот на игралиштето, таа се тркалаше меѓу неговите нозе и одеднаш летна кон кошот на Денвер и мина низ мрежичката.

Кош каков што одамна немало и во најсилната лига на светот и вреди да се погледне.

Инграм беше лидер на екипата на Њу Орлеанс, која стопи негатива од 21 поен против Денвер и успеа со нерешен резултат 124:124 да се избори за продолженија, но и немаше решение за брилијантниот Никола Јокиќ, кој постигна 46 поени, со 12 скока и 11 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести