Истанбул во транс: Озил веќе потпиша за Фенербахче

Месут Озил сепак ќе остане во Европа, односно нема да потпише за Ди-Си јунајтед како што се најавуваше. Заборавената ѕвезда на Арсенал е на пат кон Истанбул, а наводно веќе ставил потпис на три и полгодишен договор со Фенербахче.

Тренерот на турскиот гигант, Ерол Булут, истакна дека во наредните денови ќе се знaат сите детали околу иднината на Озил, но во Истанбул веќе се слави доаѓањето на поранешниот германски репрезентативец.

Дефинитивно Озил ќе биде најголемата ѕвезда во турската Суперлигa, а она што останува да се потврди е неговата плата и дали Фенербахче ќе плати отштета за неговите услуги, или пак Озил и Арсенал спогодбено ќе го раскинат договорот.

- Оглас -

Најнови вести