Изгледа Сините задоцнија: ПСЖ со потег како дента кога потпиша Нејмар

Од моментот кога беше потврдено дека Лионел Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона, ПСЖ се наметна како прв фаворит да го добие потписот на аргентинскиот велемајстор. Манчестер сити нема намера да влезе во битка, а шпанските медиуми го најавија европскиот првак Челзи како конкурент, но се чини дека Сините задоцнија.

Се појавија информации дека Светците ја резервирале Ајфеловата кула на 10 август за посебен настан, а така направија кога го претставија Нејмар во летото 2017 година, уривајќи го светскиот рекорд за трансфер со сумата од 222 милиони евра.

Во меѓувреме неколку француски новинари, како и познатиот Фабрицио Романо, тврдат дека преговорите се во завршна фаза и се чека одобрение од финансискиот фер-плеј за да се реализира големиот ангажман на Меси на „Паркот на принцовите“.

Што се однесува до деталите околу договорот, Меси треба да потпише тригодишен договор и опција да се продолжи на уште една дополнителна сезона, а би заработувал 40 милиони евра годишно.

https://twitter.com/IntChampionsCup/status/1423676687590514689

- Оглас -

Најнови вести