Јадрански шок за Партизан, дома загуби од тим кој на гости го победи со 23 поени разлика

Сплит приреди огромно изненадување во АБА-лигата, го совлада евролигашот Партизан, и тоа во Белград со 74-67.

Со овој пораз на Партизан му е загрозено и второто место во регионалната лига, сега Црно-белите имаат една победа помалку од Будуќност, кој вечерва ја разби Црвена ѕвезда. Клучна беше втората четвртина, која сплитските Жолти ја добија со 27-11, а иако во финишот малку попуштија, сепак не се исплашија од победата и освоија важни бодови.

Во првиот нивен меѓусебен дуел сезонава, Партизан во Сплит победи со 23 поени разлика, а овие 68 поени од вечерва се најнеефикасната игра на Партизан сезонава во АБА-лигата. Некогашниот европски првак Сплит 27 години го немаше победено Партизан.

- Оглас -

Најнови вести