Јани ги налути Модрите, Динамо го растури Хајдук во хрватското дерби (видео)

Динамо Загреб со убедливи 4-1 го доби дебрито против Хајдук Сплит во кое стрелци на два од вкупно пет погодоци беа македонските фудбалери, Аријан Адеми и на другата страна Јани Атанасов.

Играчот за врска на гостите со фантастичен погодок од далечина ја отвори средбата на „Максимир“ на истекот од првото полувреме.

Сепак тоа само ги налути Модрите, па во вторито дел четирипати ја тресеа противничката мрежа. Пресвртот тргна од Батурина во 61-та минута, за потоа Адеми три минути подоцна за забие за 2-1. Конечниот резултат го поставија Гојак во 83-тата  и Орсиќ во 91-та минута од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести