Макс Ферстапен се израдува на втората титула светски првак во Формула 1 по завршување на трката на легендарната патека „Сузука“, за Големата награда на Јапонија, која на крајот не ни заврши како што беше планирано.
Наместо најавените 54 клубови, се извозеа 28 круга и тоа поради големиот прекин што беше поради големите врнежи од дожд. Поради дождот, во првиот круг од трката од патеката излета Карлос Саинц, па на патекта се појави тракторот задолжен да го отстрани болидот.
Сепак, тоа влегување на тракторот можеше да донесе инцидент со трагична завршница. Јапонците заборавија дека Пјер Гасли беше во боксот и дека неговиот болид заостанува зад другите, па тракторот доби дозвола да се најде на патеката, иако беше многу несигурно затоа што Гасли требаше да помине на тој дел.
Во „завесата од дождот“ Гасли со голема брзина помина на само неколку сантиметри од тракторот и само среќата го послужи да не направи директен судар. Ф1 возачот веднаш почна да вика како е можно тракторот да биде на патеката.
Pierre Gasly ficou furioso, e com razão, depois de ver um trator em pista. #JapaneseGPpic.twitter.com/znXlgOhsEs
— B24 (@B24PT) October 9, 2022
Уште се свежи сеќавањата од 2014 година кога на 5 октомври 2014 година Жил Бјанки директно удри во тракторот кој беше покрај патеката во обид да извлече друг болид. Бјанки удри во тракторот со брзина од 300 километри на час и повеќе месеци беше во кома, а во јули 2015 година за жал почина.