Јирген Клоп почна да добива кошмари од еден човек во Англија

Микел Артета по сè изгледа го има најдено лекот за тоа како треба да се победат Јирген Клоп и Ливерпул. Тренерот на Арсенал се покажува како херој затоа што е единствен што може да се пофали дека во последните три месеци дури трипати се радува против англискиот првак.

Шпанецот пред неколку месеци седна на клупата на Топчиите и успеа да ја сопре доминацијата што ја имаше Ливерпул. На дуелот одигран на 15 јули, Арсенал победи со 2:1 во првенството, но тогаш Ливерпул и немаше голема мотивација за игра затоа што гигантот од „Енфилд роуд“ веќе ја славеше титулата.

Еден месец подоцна во дуелот за трофејот во Комјунити шилд, Арсенал и Ливерпул одиграа 1:1, а лондончани беа подобри на пенали и се радуваа на пехарот. Ливерпул конечно го победи Арсенал на Артета пред четири дена, и тоа во првенството со 3:1 на „Енфилд роуд“, освојувајќи три бода. Сепак, Арсенал не се уплаши од тој неуспех и синоќа се коригираше. По 90 минути немаше голови, па повторно на пенали Топчиите беа поуспешни и го елиминираа Ливерпул до Лига купот.

 

- Оглас -

Најнови вести