Јувентус го победи Интер во Милано и сега има реални шанси за Топ 4 на табелата

Јувентус го победи Интер на „Џузепе Меаца“ во Дербито на Италија и уште еднаш потврди дека има тим кој треба да се бори за врвот на табелата во Серија А. Филип Костиќ беше стрелец на погодокот со кој гостите стигнаа до радост во 23 минута, а на крајот тоа се покажа и како клучен момент.

Интер многу повеќе напаѓаше, ја имаше топката во своите нозе, делуваше доминантно на теренот, но на крајот не успеа да постигне гол и затоа загуби.

Јувентус со оваа победа стигна до 41 бодови и е на седмото место на табелата, но сега заостанува само седум бодови зад Милан кој е четврти со 48 бодови. Интер е на третото место со 50 бодови.

- Оглас -

Најнови вести