Јувентус загуби, но даде „златен гол“ во Порто (Видео)

Порто на свој терен го победи Јувентус со 2:1, додека Борусија Дортмунд на гости славеше кај Севилја со 3:2 во првите мечеви од осминафиналето во Лигата на шампионите. Реванш-средбите се играат за три недели.

Италијанскиот првак Јувентус важеше за фаворит во дуелот со Порто, но Старата дама може да биде задоволна што загуби само со еден гол разлика и што за реваншот носи еден погодок од гостински терен. Првите 60-тина секунди беа кобни за Јувентус во двете полувремиња.

Само по 60 секунди од почетокот на мечот, Порто поведе со голот на Мехди Тареми по големата грешка на Бентакур.

Ова беше резултат по првото полувреме. На стартот на вториот дел се случи реприза од првото полувреме. Порто даде гол во првата акција. Овојпат на домаќините им беа потребни само 19 секунди за да ја затресат мрежата на противникот за предност од 2:0.

Посакуваниот гол на гостински терен Јувентус го даде во 82-рата минута, кога погоди Кјеза. За Порто ова беше прв примен гол во ЛШ по 550 минути одлична дефанзива.

На вториот меч кој се играше вечерва, Борусија Дортмунд со 3:2 славеше на гости кај Севилја. Домаќините први погодија, а потоа следуваа три погодоци за Милионерите од Дортмунд. Халанд погоди двапати и стигна до 18 погодоци во првите 13 меча во ЛШ.

Во второто полувреме Севилја даде втор гол за 2:3 и влеа некаква надеж за шпанскиот тим пред реваншот на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести